Администрацијата на Трамп во петокот побара од Врховниот суд да дозволи изградба на балска сала во Белата куќа вредна 400 милиони долари, откако понизок суд пресуди дека проектот нема одобрение од Конгресот.
Адвокатите на Министерството за правда во поднесокот наведоа дека салата е прашање на безбедност.
Повикувајќи се на бројни обиди за атентат врз Трамп, адвокатите тврдеа дека проектот е „од витално значење за националната безбедност“.
Одлука на Апелациониот суд
Апелациониот суд во Вашингтон ја потврди одлуката на понискиот суд на 7 август со која ѝ беше наредено на администрацијата да ја запре изградбата.
Случајот беше покренат минатата година од Националниот фонд за зачувување на историските споменици откако источното крило на Белата куќа беше срушено, а изградбата на балската сала од 89.000 квадратни метри започна без одобрение од Конгресот.
Текстот Трамп бара од Врховниот суд да дозволи продолжување на изградбата на балската сала е превземен од МАКФАКС.















