Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар.

Од МВР информираат дека на 13 август во 19 часот во СВР Скопје, 45-годишниот М.Г. од Скопје пријавил дека околу 15:15 часот, на подрачјето на Центар, пред пешачки премин, женско лице кое управувало патничко возило физички ја нападнало неговата 15-годишна ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар е превземен од МАКФАКС.