„Уште еден ден до крајот на екскурзијата. По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел. Официјално учел за Францускиот предлог. Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза – народот е ‘талог’“, велат од СДСМ.
„Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија на комарци од Западен Нил. Зошто? Затоа што никој не работи ништо освен тендери. Прскањето комарци за нив е губење време. Сега, покрај проблемот со водата што постои во над 50 места низ Македонија, имаме и нов проблем.
Од кога тој замина, многумина од нив заминаа на свои екскурзии. Нам ни ги оставија проблемите и новото знаме со 12 зраци. Покрај тоа што никој од стручната јавност не излезе јасно да каже кога водата во Гостивар навистина ќе биде здрава за пиење, имаме само секојдневни ветувања дека „уште утре сè ќе биде во ред“.
Исто како што сме „трета економија во Европа“, „први во туризмот“, „најдобри во авио-сообраќајот“, со „најбрзо растечки плати и пензии“…Само народот не разбира, па Мицкоски ќе му нацрта. Само уште тоа и сè ќе ни биде јасно на сите. Европа? Тоа веќе никој и не го споменува. Што ќе ни Европа кога таа носи независно обвинителство?
Да имаше европско обвинителство, некој веќе ќе одговараше за труењето на водата, за нападите врз младите, за наместените тендери, за плацевите за Лидл, за Орбановите автобуси, за хемикалијата во Лепенец и Вардар, за депонијата што го загадува изворот.
Тендер-патриотите, со својот шеф што моментално е на стручна екскурзија, си ја обезбедија Европа преку бугарски фирми и државјанства. Тие цело лето поминуваа на посебни гранични премини – не чекаа.
Сега да видиме што научил Мицкоски на работниот одмор. Го заврши семејниот дел во Бриж и сега е на стручната екскурзија. Официјално учи за францускиот предлог. Со нетрпение го чекаме назад. Да видиме што ново научил. Дали конечно сфатил дека францускиот предлог е дел од преговарачката рамка?
Или повторно ќе се врати со истата приказна што ја раскажуваше додека клечеше за власт? По „феноменалниот“ НАТО, по „ремек-делото“ Преспански договор, по тврдењето дека протоколите не се дел од преговарачката рамка – сега доаѓа ред на новото „знаење“.
Само да не се повтори старото сценарио: едно да научи во Брисел, а сосема друго да им продава на граѓаните дома. А сите останати проблеми го чекаат. Тие не заминаа на екскурзија. Дали ќе го пречека некој на аеродром? Можеби со новото знаме? Или со нов спот за дочек на спасителот? Уште еден ден. Потоа извештај. Ние чекаме“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Текстот СДСМ: Уште 1 ден до враќањето на Мицкоски од екскурзија е превземен од МАКФАКС.


















