Моделот и претприемачка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии кои брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти. На новите фотографии, Хејли ја покажа својата беспрекорна фигура во бикини, но им даде и малку увид во секојдневниот живот зад нејзиниот изглед.
Покрај опуштените летни снимки, таа објави и фотографии од теретана, потврдувајќи дека редовното вежбање е важен дел од нејзината рутина, исто како што беше претходно објавено, особено вежбите што ги прави за задникот.
Нејзината витка и тонирана фигура повторно привлече големо внимание, а многумина во коментарите истакнаа дека изгледа подобро од кога било. Хејли со години негува минималистички пристап кон тренингот и исхраната и често нагласува дека најважно за неа е да се чувствува здраво, силно и задоволно со своето тело.
На фотографиите доминираше едноставен летен стил, жолто бикини кое ја истакнуваше нејзината извајана фигура, природен изглед и дискретна шминка, по која веќе е препознатлива.
Токму поради оваа комбинација од елеганција и лежерност, секоја нејзина објава предизвикува голем интерес на социјалните мрежи.
Обожавателите не штедеа комплименти, па под објавата беа напишани коментари како: „Изгледаш нереално“, „Вистинска летна инспирација“ и „Кралица на природната убавина“. Хејли уште еднаш покажа дека успева да привлече внимание без многу труд, без разлика дали позира на плажа или споделува моменти од тренинг.
Текстот (Фото/Видео) Повторно се соблече и покажа зошто е една од најубавите жени на светот е превземен од МАКФАКС.














