Изложбата на германскиот уметник Отмар Херл со 320 позлатени статуетки на Моцарт во Салцбург е предвреме затворена, откако од паркот Мирабел биле украдени 210 фигурини.

Статуетките високи 50 сантиметри биле поставени во градот по повод 270-годишнината од раѓањето на Моцарт.

Херл смета дека не станува збор за кражба од туристи, туку за организирана кражба. „Најлошото нешто што може да му се случи на уметник е кога неговите дела ќе исчезнат“, изјавил тој за агенцијата ДПА.

Штетата се проценува на околу 20.000 евра, бидејќи уметникот планирал по изложбата статуетките да ги продава за 90 евра по парче.

Останатите статуетки може да се видат до крајот на август во градскиот музеј Моцартеум и во родната куќа на композиторот.

Текстот Во Салцбург украдени 210 позлатени статуетки на Моцарт е превземен од МАКФАКС.