Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ.

„Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет недели граѓаните немаат безбедна вода за пиење во среде лето со пеколни температури. Пет недели Клековски и Мицкоски даваат различни изјави и и ветувања дека проблемот е пред решение и пет недели немаат решение. Си играат со здравјето на жителите на Гостивар, додека 5.000 граѓани се отруени“, рече Штерјова.

Таа обвини дека се криеле информации за водата и дека не е објавен никаков извештај кој одобрил водата да се користи како техничка иако власта потврдила дека во водат има бактерии, не една туку повеќе.

„Пет недели нема одговорност ниту од министерот за здравство Клековски, ниту од институциите кои потфрлија во заштитата на здравјето на граѓаните. До 20 ти август за кога Клековски најави дека ќе бидат готови резултатите од анализите, опасноста од нови и реинфицирани случаи е присутна. Јасно е дека на Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ не може да им се верува – нивниот збор повеќе ништо не значи. Дозволија кризата да ескалира, бидејќи задоцнија во секој чекор – од прогласување на епидемијата до преземање мерки. Дозволија да има и нови случаи на затруени граѓани и реинфицирани поради несопособност“, рече Штерјова.

Таа праша до кога ќе молчи јавното обвинителство до кога ќе молчи и кажа дека СДСМ нема да дозволи ова да се заташка.

„Одговорност за труењето на цел еден град мора да има – и политичка и кривична“, рече Штерјова.

Текстот (Видео) Штерјова: Изворот на труење не е ставен под контрола, има нови случаи на заболени и реинфекции во Гостивар е превземен од МАКФАКС.