Повеќето професионални шминкери и дерматолози се согласуваат дека едно од најчестите прашања што ги добиваат секој ден е „како да се ослободам од темните кругови?“ Без разлика дали е поради несоница, замор, стрес или недостаток на хидратација, темните кругови под очите ги мачат речиси сите жени.
Откриваме сè што треба да знаете за причините што ги предизвикуваат и третманите што можат да помогнат да се ослободите од нив.
Главните виновници
ДНК: Зголемената концентрација на меланин во пределот под очите е нешто што може да се наследи.
Анатомија: Силните очни вдлабнатини и јаболчниците можат да ги направат сенките под очите да изгледаат потемни.
Начин на живот: Стресното секојдневие, малку спиење, лошата исхрана, бесконечните часови пред компјутерскиот екран и недоволната хидратација имаат тенденција да ги направат темните кругови поинтензивни.
Возраст: Зрелата кожа се карактеризира со намалување на колагенот и мускулна релаксација, што предизвикува мрежата на вени да стане позабележителна.
Хормони: За време на менструацијата или бременоста, силните хормонални флуктуации во комбинација со проширени крвни садови ја прават кожата под очите да изгледа потемна.
Решенија
– Кремите за очи со хидратантни и антиоксидантни агенси се идеален избор. Побарајте формули против стареење со состојки кои го забрзуваат клеточниот метаболизам и ветуваат хидрирање, зацврстување, осветлување и подигнување на кожата.
Списокот на состојки треба да вклучува состојки како што се ретинол, пептиди, ензими, хијалуронска киселина и витамин Ц. Кремите за очи со кофеин или зелен чај се вредни за вашето внимание бидејќи ќе ја подобрат микроциркулацијата и ќе ги затегнат проширените крвни садови.
– Дневната употреба на крема за сончање се смета за императив за заштита на кожата од хиперпигментација предизвикана од УВ зраци.
– Збогатете ја вашата дневна исхрана со хидратантна храна како овошје и зеленчук и не заборавајте да пиете најмалку 8 чаши вода дневно.
– Отстранете ја шминката со нежни движења за да избегнете триење на кожата со тампон, што може да предизвика воспаление на кожата и оштетување на капиларите.
Текстот Темните кругови под очите се минато со помош на едноставна рутина за убавина е превземен од МАКФАКС.














