„СДС е во паника, а Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев кој продолжи со истите политики на предавства креирање насилни инциденти и тензии. Филипче и СДС немаат понуда што ќе одговори на реалните проблеми на граѓаните и во отсуство на визија, стратегија и јасен план се свртија кон импровизации, глумење жртви и креирање насилни инциденти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче е нервозен бидејќи вистината излезе на виделина и целата јавност ги виде лицата на „децата“ на СДС кои ги прати да направат инцидент во Ново Село за време на посетата на претседателот Мицкоски.
Филипче исто како и Заев е опкружен со насилници, тепачи и наркомани. Ефтимов и Стојанов кои се обидоа да направат инцидент во Ново Село се насилници и тепачи со криминално досие, двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвинички претепале туристи во Струмица, и токму затоа Филипче ги одбрал нив.
Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како „децата“ на Македонија, но тоа никако не смее да биде иднината на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев, кој си ги прати „децата“ од СДС да прават инциденти во Ново Село е превземен од МАКФАКС.


















