„Власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО на официјална државна прослава го згрешија македонското знаме. Наместо сонце со осум краци – поставија верзија со дванаесет. Наместо да им се извинат на граѓаните, наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку народни пари се потрошени за овој нациоален срам – прво пробаа да го претстават како ‘уметничка инсталација’“, велат од СДСМ.

„Потоа повторно се вратија на омилената квалификација: народот и СДСМ се „талог“. Ова е нивниот стандарден рефлекс. Кога ќе направат грешка – народот и СДСМ се виновни. Кога ќе понижат државен симбол – народот е талог. Кога немаат резултати – народот и СДСМ се проблем.

Неспособни да го направат правилно македонското знаме, а се дрзнуваат да го делегитимираат сопствениот народ. Тендер патриоти што не знаат како изгледа знамето на сопствената држава, не умеат ни AI билборд да направат без грешки.

Криминални тендери да спроведуваат – тоа знаат. Ова повеќе не е гаф туку однос. Однос на власт што се однесува кон граѓаните како кон талог, а кон државните симболи како кон декор за тендер и провизија.

Нема извинување. Има само нов напад. И тоа е сè што умеат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот СДСМ: Наместо извинување за погрешното знаме – повторно народот е „талог“ е превземен од МАКФАКС.