Една од најпознатите Колумбијки, Шакира, се огласи по силниот земјотрес што денес ја погоди нејзината татковина.

„Драга Колумбија, моите мисли се со сите што го почувствуваа овој земјотрес денес и со семејствата што минуваат низ толку тешки времиња“, напиша таа на Икс.

„Во вакви моменти, ние Колумбијците знаеме како да се обединиме и да си помагаме едни на други.“

„Ја испраќам целата моја сила и љубов до мојата татковина.“

„Да се ​​држиме заедно и да ги следиме упатствата за да можеме да помогнеме што е можно поскоро“, рече Шакира.

Текстот Шакира испрати порака за поддршка до Колумбија по земјотресот е превземен од МАКФАКС.