СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (29) и Б.С. (56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Според пријавеното, во септември 2025 година А.С. од Тетово му го позајмил своето патничко возило на А.К.

Наместо да му го врати возилото на сопственикот, А.К., под изговор дека возилото има дефект, го продал на Б.С.

СВР Тетово по целосното документирање на случајот поднело кривична пријава против двајцата.

Текстот Наместо да го врати позајмениот автомобил, го продал: кривична за измама против двајца тетовци е превземен од МАКФАКС.