Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека повторно ќе се обрати до Владата на Република Северна Македонија со барање да се овозможи бугарски тим лекари специјалисти да ја прегледа и лекува Ива Михаилова од Кочани, која има и бугарско државјанство, јавува БНТ, пренесува Трибуна.
Јотова изјави дека пред четири месеци предложила бугарски медицински тим да отпатува во Северна Македонија и да го прегледа девојчето на самото место, но дека досега не добила одговор од надлежните власти.
„Тоа што им го предложив е да добиеме дозвола бугарски тим од лекари специјалисти да отиде и да го прегледа девојчето на самото место. Од април досега немам одговор. Уште утре повторно ќе го упатам ова мое барање до Владата на Република Северна Македонија“, изјави Јотова.
Таа остро го критикуваше досегашниот однос кон случајот.
„Нема аргумент со кој може да се оправда таквото однесување – една млада девојка да остане инвалид само затоа што робуваме на идеологеми од страна на нашите партнери од Република Северна Македонија, кои се апсолутно недозволиви за 21 век“, рече Јотова.





















