Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани.
Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.
Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден:
Програма за 9 август (недела)
Локација: Europe House Struga
17:00 – Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани
19:00 – Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма
Grandpa’s Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala
Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat
Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak
Локација: Парк на поезија
20:30 – Проекции на мешана натпреварувачка програма
Меѓународна програма
Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss
Регионална програма SOS, режија: Anita Morina
Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma’ Awawdeh
Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov
По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори.
По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот.
Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk).
Влезот за сите настани е бесплатен.
Текстот Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ е превземен од МАКФАКС.















