Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови.
„Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење. АХВ ќе го направи тоа кога водата ќе биде и хемиски и бактериолошки исправна за пиење“, изјави Ангелов.
Текстот Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење, рече Ангелов е превземен од МАКФАКС.


















