Вчера во 17:35 часот во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода 77-годишниот К.И. од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
При претрес во негови простории во село Стрезовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и две воздушни пушки.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Претрес во село во општина Старо Нагоричане, пронајдено оружје, уапсен 77-годишен маж е превземен од МАКФАКС.














