Летната сезона сè уште трае, а црногорскиот брег не е само привлечна дестинација за нашите туристи, туку и за светските ѕвезди. Кејти Пери и Џастин Трудо овие денови уживаат во шармот на Котор, а црногорските медиуми ги забележаа на сосема обично излегување.
И додека Џастин носеше лежерна комбинација, неговата сакана се обиде да се скрие од очите на јавноста – таа избра летен фустан во сина боја, на кој додаде марама и очила за сонце за да не ја препознае обичниот свет.
Видеото се прошири низ мрежите, а Инстаграм страницата „podgoricki_vremeplov“ имаше „чест“ да собере неколку „хит“ коментари што го воодушевија регионот.
Судејќи според реакциите, на Црногорците не им беше многу гајле што Кејти Пери и Џастин Трудо уживаат во сите благодети на нивниот град.
„Нема што да се крие, никој нема да ја препознае – реално“, „Еве ме трчам да ги видам“, „Голи да поминат тука никој нема да ги забележи“, „Не се знае чии влечки се поубави“, „Ги обожавам нашите луѓе што воопшто не им е гајле за овие познати личности“, се само дел од коментарите..
Текстот (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер снимени во Котор: Црногорците се шегуваат со нив е превземен од МАКФАКС.



















