Вчера во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски национални ознаки, управувано од 35-годишниот В.К. од Србија, патничко возило „сеат” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот С.М. од Пробиштип, товарно возило „фиат” со струмички регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот М.Т. од Охрид и патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот В.П. од Битола.

Во несреќата, возачите В.К., С.М. и М.К., како и М.М.(34), С.Ж.(36), М.З.(35), сите од Србија, сопатници од возилото „цитроен“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Додека, возачот В.П. и Д.А.(35) од Пробиштип, сопатник во возилото „сеат“, се здобиле со телесни повреди, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Текстот МВР со детали за сообраќајната незгода на патот Прилеп – Битола е превземен од МАКФАКС.