Денеска полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 60-годишниот Т.С. од село Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од село Синичане, тетовско.
По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол.
Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во село Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, извести МВР.
Текстот Пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа: уапсен маж од Боговиње е превземен од МАКФАКС.















