Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова.

Министерот Шасивари ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на европска интеграција на Северна Македонија, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија.

Националната конвенција за Европската унија претставува важен форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со пристапните преговори за членство во Европската унија.

Искуствата од успешното функционирање на ваков механизам во Словачка се препознаени како добра практика во процесот на приближување кон Европската унија и модел кој придонесува за создавање широк општествен консензус околу европските реформи.

Соработката меѓу Министерството за правда и институциите на Република Словачка ќе продолжи и во наредниот период, со цел дополнително јакнење на евроинтегративниот процес и унапредување на европската перспектива на нашата држава.

Текстот Размена на искуства со Словачка за успешно спроведување на реформите е превземен од МАКФАКС.