Кина воведе нови економски контрамерки против Соединетите Американски Држави, меѓу кои се контрола на извозот на дронови и санкции за шест американски компании, како одговор на неодамнешните американски трговски ограничувања, пренесува Euronews.

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека мерките се реакција на американската забрана за увоз на кинески дронови и на одлуката на Вашингтон да стави 43 кинески компании на листата на санкционирани поради сомневања за принудна работа.

Според новите правила, за извоз на беспилотни летала, нивни клучни компоненти и поврзани технологии ќе биде потребна поединечна дозвола, бидејќи тие можат да имаат и цивилна и воена намена.

Покрај тоа, Пекинг воведе забрана за деловно работење со шест американски компании и најави дополнителни мерки доколку САД воведат нови ограничувања против Кина.

Тензиите меѓу двете најголеми светски економии се зголемуваат во пресрет на најавената септемвриска посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на САД.

Текстот Кина возврати на американските мерки, воведе контрола на извозот на дронови е превземен од МАКФАКС.