Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени, јавува УХМР.
Во нареднитде денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која на места ќе достигне до 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Текстот Утре сончево и многу топло, до 39 степени – попладне можен дожд во планинските предели е превземен од МАКФАКС.



















