„Две вести ја покажуваат вистинската слика за здравството под оваа власт. Прво: Пациент морал од свој џеб да плати околу 130.000 евра за биолошка терапија – затоа што државата не му ја обезбедила. Кој одлучува кој ќе добие терапија? Комисија. Без јасни критериуми. Без транспарентност. Второ: Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека 456 онколошки пациенти ќе добијат еднократна парична помош. Пријавени биле 1.200. Значи – повеќе од половина остануваат без ништо“, велат од СДСМ.
„Прашањата се едноставни: Која е методологијата? Кој одлучува кој ќе добие, а кој не? Дали одлучува Орце? Дали одлучува ВМРО? Ако нема за сите – како се тоа вика?
Ова не е системска грижа за болните. Ова е селективна, политичка „помош“ што се дели како милосрдие. Додека граѓаните умираат чекајќи терапија или плаќаат стотици илјади евра од џеб, Владата и нивните градоначалници прават шоу со списоци и фотографии.
Здравството не се решава со еднократни пакети за избрани. Се решава со систем, со лекови, со терапија за сите – не за 456 избрани. Ова е ВМРО. Ова е нивната „грижа“ за граѓаните. Истата „грижа“ ја гледаме и со водата. Цела Македонија се труе, а особено Гостивар.
Луѓето пијат кал и бактерии, а пациентите од Гостивар се возат во Тетово – затоа што и болницата им ја отруја. Грижа за здравјето? Грижа за водата? Не. Само селективна пропаганда и целосен колапс на системот“, соопшти СДСМ.
Текстот „Селективна ‘помош’ за тешко болни и онколошки пациенти – кој одлучува, кој добива, кој останува без ништо“, прашуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.



















