„СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче должат одговор на три едноставни прашања. Зошто не ги известиле граѓаните за наодите? Колку од тие случаи биле целосно отстранети? И третото и најважно, со кое лице бараат одговорност за нешто што самите со години не го решавале?
Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе.
Наместо политички театар, СДС и Филипче, треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.






















