Во напад со дронови беше погоден магацин во близина на Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија, објави денес регионалниот гувернер Александар Дрозденко на Телеграм.
Гувернерот не го именуваше сопственикот на магацинот. Сепак, локалните жители објавија снимки од нападот на социјалните мрежи, велејќи дека Украина целела магацин во сопственост на логистичкиот гигант „Вајлдбери“, таканаречениот руски Амазон.
Ukrainian attack drones struck another Russian Wildberries e-commerce distribution center in St. Petersburg this morning, setting it on fire. pic.twitter.com/aUTZcm9vAy
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) August 4, 2026
Соседна Финска, членка на Европската Унија и НАТО, воведе привремена зона за ограничување на воздушниот сообраќај во источниот дел од Финскиот Залив, објавија финските одбранбени сили на платформата X.
Напади врз руската цивилна инфраструктура
Од средината на јули, Украина напаѓа магацини во сопственост на популарната руска платформа за онлајн купување „Вајлдбери“, честопати наречена „руски Амазон“ поради широкиот спектар на производи и брзата испорака низ целата земја.
Нападите врз магацините се дел од долгорочна украинска кампања насочена кон цивилната инфраструктура во Русија, чија цел, според владата во Киев, е да ја принуди Русија да преговара за мировен договор.
Текстот (Видео) Со дронови погоден магацин во близина на Санкт Петербург е превземен од МАКФАКС.


















