Жената која претходно беше пријавувана дека незаконски наплаќала влез на локалитетот Куклица кај Кратово е приведена, откако физички нападнала посетители.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Кратово ја привеле С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле во посета на локалитетот.

По насоки на јавен обвинител, таа била приведена во полициска станица, а против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Жената која наплаќаше влез на локалитетот Куклица приведена поради напад врз посетители е превземен од МАКФАКС.