Две малолетни лица од Скопје биле физички нападнати во апартман на кеј „Македонија“ во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен вчера во 21:25 часот во СВР Охрид, во присуство на членови на семејството и претставници на Центарот за социјални работи Охрид.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Нападнати две малолетни лица од Скопје во апартман во Охрид е превземен од МАКФАКС.