Иран денеска соопшти дека во моментов нема преговори со Соединетите Американски Држави, ниту се планирани какви било средби, демантирајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека нема закажани разговори со Вашингтон и дека Иран во наредните денови нема да прима странски делегации ниту ќе испраќа свои преговарачи во странство.

Според него, единствените разговори што се водат се со Оман и се однесуваат на управувањето со Ормускиот Теснец.

Трамп претходно изјави дека ги откажал планираните напади врз Иран бидејќи денеска попладне требало да почнат нови преговори меѓу двете земји.

По одлуката на Трамп да се воздржи од воена акција, цените на нафтата денеска забележаа пад на светските пазари.

Текстот Иран: Нема преговори со САД е превземен од МАКФАКС.