Полицијата во Кочани пронајде и одзеде над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана при претрес во дом на едно лице.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска (1 август 2026), полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршиле претрес во домот на А.Р. во Кочани.
При претресот биле пронајдени и одземени повеќе видови наркотични средства – над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана.
Лицето е лишено од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против А.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Текстот (Фото) Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана – едно лице приведено е превземен од МАКФАКС.















