СДСМ обвини дека јавниот долг на државата достигнал речиси 11 милијарди евра, односно околу 60 проценти од бруто-домашниот производ, оценувајќи дека граѓаните не ги чувствуваат ефектите од новите задолжувања.

Од партијата тврдат дека за две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжила државата за повеќе од две милијарди евра, а граѓаните добиле ниски плати, отсуство на зголемување на минималната плата, проблеми со водоснабдувањето, недостиг од реформи и застој на евроинтеграциите.

„Мицкоски и Кочоска се фалат со ‘стабилност’. Евростат вели – најнизок животен стандард во Европа. Бројките велат – 11 милијарди долг. Граѓаните го плаќаат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот СДСМ: За две години државата е задолжена за над две милијарди евра е превземен од МАКФАКС.