Неидентификуван објект се урна рано утрово на територијата на Полска, членка на НАТО, предизвикувајќи силна експлозија, додека Русија извршуваше масовни ракетни напади врз Украина.
Како што објавува CNN, објектот паднал во близина на селото Тарнава-Колоња во Лублинското војводство, на околу 95 километри од украинската граница.
Оперативната команда на полската армија објави дека објектот бил забележан во полскиот воздушен простор околу 3:40 часот наутро како се движи кон запад, но набрзо исчезнал од радарот. Поради можна закана, на терен бил испратен хеликоптер Ми-24, кој, врз основа на радарските податоци, го лоцирал местото на падот во ненаселена област.
“The windows nearly blew out.” A powerful explosion rocked Poland during Russia’s attack on Ukraine According to the Polish military, an F-16 was scrambled overnight to intercept an unidentified object, which soon disappeared from radar. Later, a huge crater about 10 metres… https://t.co/KVSzPwCwDY pic.twitter.com/ACj650HRFq
— NEXTA (@nexta_tv) July 30, 2026
Жителите пријавиле во полицијата дека слушнале многу гласна детонација. Потоа полицијата пронашла кратер со дијаметар од околу десет метри и остатоци од неидентификуван објект во поле, на околу два километри од најблиските куќи.
Полската армија објави дека противвоздушната одбрана истовремено регистрирала повеќе од десет ракети над западна Украина што претставувале потенцијална закана за полскиот воздушен простор. Поради ова, во воздух биле лансирани и борбени авиони.
Инцидентот се случил за време на голем руски напад врз Украина, во кој, според сегашните информации, загинале најмалку осум лица, вклучувајќи деца, додека повеќе луѓе биле закопани под урнатините.
Руското Министерство за одбрана објави дека извршило „масовен удар со прецизно оружје со долг дострел“ лансиран од копно, море и воздух, со употреба на камикази дронови, насочени кон воени цели низ Украина.
Досега не е официјално потврдено дали објектот што паднал во Полска бил руска ракета. CNN потсетува дека секој директен удар на територијата на членка на НАТО може да претставува сериозен ризик од ескалација на конфликтот.
Полска редовно крева борбени авиони за време на големите руски напади врз западна Украина, но повредите на нејзиниот воздушен простор се ретки.
Сличен инцидент се случил во ноември 2022 година, кога две лица загинале во полското село Пжеводов откако украински ракета за противвоздушна одбрана случајно паднала на полска територија.
Текстот (Видео) Проектил падна на територијата на НАТО: Полска ги крена воените авиони е превземен од МАКФАКС.















