Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил упати остри критики кон актуелната локална власт, обвинувајќи ја за негрижа кон јавната инфраструктура и несоодветно поставување на приоритетите.
Во својата објава, Велковски наведува:
„**СРАМ И БЕЗОСЕТНОСТ НА БРАДОСАНИТЕ!
Додека Бошко Цветковски со неговата криминална група(брадосаните) организира забави, се опива и се фотографира под светлата на бината и се преставува како ди-џеј Екстрим, во Ѓузумелци кај црквата „Свети Ѓорѓија“, владее темнина.
Уништено е уличното осветлување во паркот кај црквата Свети Ѓорѓија во село Ѓузумелци, место кое е секојдневно посетено од деца, родители и постари луѓе, место каде граѓаните го бараат својот духовен мир.
Наместо итно да се санира штетата, локалната власт очигледно има други приоритети.
Приоритети за забави, уште некое станче, куќа или апартманче.
Црквата „Свети Ѓорѓија“ и просторот околу неа заслужуваат почит и грижа, а не запоставеност. Вистинското раководење не се мери со концерти и забави, туку со тоа дали граѓаните имаат безбеден, здрав и квалитетен живот.
-Граѓаните ќе ги паметат приоритетите. И ќе донесат свој суд.
Велковски што изгради, ти не си способен тоа да го одржуваш, а не па да го следиш…**“
Во објавата, Велковски тврди дека уличното осветлување во паркот кај црквата „Свети Ѓорѓија“ во село Ѓузумелци е уништено и дека, според него, надлежните не преземаат мерки за негово санирање. Тој оценува дека актуелната локална власт ги занемарува потребите на граѓаните и наместо тоа се насочува кон други активности.



















