Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.

Текстот Сончево време со температура до 35 степени е превземен од МАКФАКС.