Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев.

На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија.

Министерството за правда останува посветено на отворен и конструктивен дијалог со Нотарската комора како важен чинител на правосудниот систем, со цел унапредување на владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

Текстот Министерот Шасивари и Нотарската комора разговараа за измени на Законот за нотаријат и дигитализација на услугите е превземен од МАКФАКС.