Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје.
На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа.
Текстот Пожар зафати куќа во Скопје, изгоре дел од покривот е превземен од МАКФАКС.


















