Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, инцидентот се случил на 25 јули околу 18:50 часот. Осомничениот, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.
Повредената жена била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д. (24) околу 20:30 часот. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Ја фатил мајка му низ прозорецот од автомобилот и ја влечел 20 метри е превземен од МАКФАКС.


















