Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.

Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“, каде што осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче од расата шарпланинец. Животното, кое било во сопственост на локален жител, угинало како последица на повредите.

Обвинителството информира дека истрагата продолжува, а надлежните органи работат на целосно утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Текстот Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување за Македонката која со автомобил усмрти куче е превземен од МАКФАКС.