Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан упати остри критики до актуелната власт, оценувајќи дека Унгарија сè повеќе наликува на Венецуела и предупредувајќи на, како што рече, воспоставување авторитарен политички систем.

Орбан изјави дека ваквите споредби најпрво ги слушнал од свои американски сојузници, по што и самиот заклучил дека во Венецуела бил развиен политички модел на кој, според него, европската левица со децении му се восхитува. Тој оцени дека станува збор за комбинација од комунистичка идеологија, политичка самоволност и економска репресија.

Според Орбан, таков модел сега за првпат целосно се воспоставува во Европа, токму во Унгарија, додека одредени негови елементи претходно можеле да се забележат и во Полска.

„Унгарија стана новата Венецуела, само без нафтеното богатство“, изјави Орбан.

Тој упати критики и кон новоформираната Национална администрација за враќање и заштита на државниот имот, споредувајќи ја со АВХ – поранешната тајна полиција од периодот на комунистичката диктатура во Унгарија.

Текстот Жестока порака од Орбан: Унгарија е како Венецуела, но без нафтеното богатство е превземен од МАКФАКС.