Во Грција, на сила е итно предупредување за временска состојба поради циклон со обилни врнежи од дожд, грмежи и силни ветрови.

Цивилната заштита на Грција го активираше информативниот систем за итни случаи 112, испраќајќи СМС пораки за предупредување до граѓаните и туристите низ целата земја.

Главното влијание се очекува во периодот од петок попладне до сабота наутро.

На видеа во групи во Грција, каде што се разменуваат информации за одмори, очевидците пренесуваат дека во голем дел од земјата има црни облаци, врне дожд во Неос Мармарас, на Халкидики се подготвува бура, а на хоризонтот се гледа и пијавица.

Според податоците од Грчката метеоролошка служба, овој циклон носи ризици од грмотевици и силен ветер, чести удари од гром и силни, ненадејни налети на ветер кои можат да скршат гранки и да соборат полесни предмети.
Ризик од ненадејни поплави: Голема количина дожд во краток период носи ризик од поплавување на улиците во крајбрежните области.
Пад на температурата: Температурата паѓа на 28-29°C на копно, додека на местата погодени од бурата ќе биде уште посвежо.

Текстот (Видео) Небото поцрне во Грција, на Халкидики на сила е предупредување е превземен од МАКФАКС.