И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност, реагираат од СДСМ.
Од партијата прашуваат дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника.
„Што вели организираната криминална група ВМРО?
Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. Го приватизираа правосудството. Го отруја народот со приказната за „предавници“ и „патриоти“. Го поделија народот. Сега го трујат и со вода.
Додека тие се занимаваат со базени, билборди и нови министри, граѓаните добиваат вода што не смеат да ја пијат“.
СДСМ прашува уште колку градови треба да бидат затруени за министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност.
Дополнително од опозициската партија прашуваат дали Савевски ќе покрене кривична постапка против одговорните, наместо, како што велат, да ги крие резултатите од анализите на водата, или чека повик од Мицкоски.
„Кој град е следен“.
Текстот Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево, Пласница, ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжуваат да ја трујат Македонија, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.


















