Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство.
Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство.
Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди посветеноста на државата за спроведување на препораките и за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.
Николов истакна дека одлуката е израз на доверба во досегашните активности, но и обврска за натамошно спроведување на мерките за заштита, вклучително и зајакнување на институционалната координација, справување со бесправните градби, заштита и обновување на Студенчишкото Блато и продолжување на соработката со Албанија во управувањето со прекуграничното светско наследство.
Текстот Охрид засега го задржува статусот на светско наследство на УНЕСКО, државата доби рок од пет години да ги спроведе забелешките е превземен од МАКФАКС.

















