Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ќе го засили притисокот врз поморскиот коридор за извоз на украинско жито и ќе направи сѐ за да го блокира.

„Тоа го сфативме уште пред неколку месеци. Ќе направат сѐ за да го блокираат житниот коридор. Вчера ниту еден брод не успеа да влезе во пристаништето бидејќи ги напаѓаа сите пловила. Притисокот само ќе се зголемува“, изјави Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

Поради опасноста од руски напади, од денеска е запрен влезот на бродови во украинските пристаништа на Црното Море. Нападите веќе ги натераа дел од бродските компании да ги прекинат или ограничат своите услуги, што дополнително го отежнува украинскиот извоз на жито.

Текстот Зеленски предупреди: Русија ќе се обиде целосно да го блокира извозот на украинско жито е превземен од МАКФАКС.