Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот.
Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, развојот на институционалните капацитети и дигитализацијата на правосудството, како еден од клучните предуслови за побрзи, поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните.
Во рамки на идната соработка беа утврдени натамошни активности насочени кон понатамошна модернизација на правосудниот систем, со посебен акцент на надградбата на АКМИС системот, воспоставувањето систем за електронска достава во судските постапки, унапредувањето на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта, подобрувањето на интероперабилноста меѓу институциите, како и зајакнувањето на сајбер-безбедноста во правосудниот сектор.
Искуствата што UNOPS веќе ги има реализирано во земјите од регионот претставуваат значајна основа за поддршка на реформските процеси и во нашата држава.
Партнерството со Обединетите нации има значајна улога во спроведувањето на реформите и во усогласувањето на домашното законодавство и институционалните практики со европските и меѓународните стандарди, со цел создавање модерен, ефикасен и достапен правосуден систем за граѓаните.
Текстот Обединетите нации остануваат партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформација е превземен од МАКФАКС.


















