Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: Кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина, реагираат од СДСМ.
Наместо, како што велат од оваа партија, Владата да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за здравство Сашо Клековски ги нападна лекарите и професорите.
„Клековски ги нарече „јавачи на епидемијата“ кои собираат „лајкови на социјалните мрежи“.
Ова е срамна и опасна практика.
Експерти, не „јаваат“ на епидемијата, тие предупредуваат, бараат јасни информации и укажуваат на пропустите.
Нивна должност како лекари и научници е да зборуваат кога институциите молчат или манипулираат.
Тоа е обид да се префрли фокусот од вистинскиот проблем – институционалниот колапс на здравството и прикривањето на информации, кон оние кои ја кажуваат вистината“.
Граѓаните на Гостивар, додаваат од СДСМ, не се разболеа затоа што некој доктор или професор коментирал на социјалните мрежи.
„Тие се разболеа затоа што институциите не реагираа навреме, затоа што водата беше прогласена за безбедна и покрај сознанијата дека е загадена, и затоа што одговорноста се избегнува.
Ова е класичен модел на ВМРО: кога нема резултати и кога треба да се одговара, се напаѓаат лекари, експерти, новинари и сите кои не сакаат да молчат.
Ние бараме: целосна транспарентност за случајот во Гостивар и оставки, утврдување на одговорност за сите кои учествувале во прикривањето на информациите, прекин на нападите врз медицинските експерти. Лекарите не се проблем“.
Проблем, како што посочуваат, е власта која наместо да штити граѓани, ги напаѓа оние кои укажуваат на нејзините пропусти.
Текстот Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите, реагираат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.


















