Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „несовесно работење на службата“.

„Првопријавениот В.Р., во својство на раководител на Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга, спротивно на своите законски овластувања и без овластување на директорот на ЈП ‘Национални Шуми’, склучил договор за позајмица со правно лице од струшкото село Велешта и со неизвршување на службена должност и вршење должен надзор не спречил и не санкционирал незаконско работење на останатите вработени во претпријатието. Второ и третопријавените, вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство Јабланица – Струга ја злоупотребиле својата службена положба и спротивно на своите должности и овластувања, не поднесувале примероци од испратници во сметководство и не евидентирале сеча во износ од 127,32 кубни метри буково огревно дрво, додека четвртопријавениот, исто така, вработен во претпријатието ја злоупотребил својата службена положба и спротивно на своите должности, во една испратница внесувал два вида на договори и двајца купувачи. Со тоа, пријавените на правното лице од селото Велешта  му овозможиле до својот склад бесправно да го пренесе бесправно исеченото огревно дрво  и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на ЈП ‘Национални шуми’ во висина од 570.569 денари“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Текстот Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави е превземен од МАКФАКС.