Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода.
од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен.
„Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на последиците, активно координираме со Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН и со службите на Град Скопје.
Упатуваме апел до сите жители на Општина Кисела Вода: доколку во вашата околина има паднато дрво, блокиран пат или забележите друга директна опасност предизвикана од ветерот, пријавете кај нашите дежурни лица на следните телефонски броеви: 072 250 719; 072 443 500
Нашите екипи ќе останат на терен и ќе работат посветено сè додека не се нормализира состојбата во општината“.
Текстот Општина Кисела Вода: По силното невреме активиран кризниот штаб е превземен од МАКФАКС.




















