На денешната седница, на предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.
„Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, како и управител на СЦ ‘Борис Трајковски’“, стои во соопштението од Владата за именувањето на Перински за директор на Фондот.
Опозицијата силно го критикуваше предлогот Перински да биде нов директор на Фондот оти дипломирал на Факултетот за физичка култура.
Текстот Владата го именува Перински за в.д. директор на Фондот за здравствео осигурување е превземен од МАКФАКС.




















