Пред голем број на претставници на бизнис секторот, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес во Кочани ги презентираше придобивките од Оперативниот план за вработување за 2026 година и го објасни јавниот повик од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“.

„Со мерката ‘Вработување и раст на правни субјекти’ е предвидена поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со истата даваме финансиска поддршка за вработување на лица, каде една компанија може да аплицира за субвенции за најмногу 5 нови вработувања, а висината на поддршката варира согласно категоријата на лица и таа изнесува од 160.000 до 250.000 денари по лице, или вкупно од 800.000 до 1.250.000 денари за пет лица. До денес до центрите на Агенцијата за вработување се пристигнати апликации од 1373 компании за вработување на повеќе од 1.700 лица“, рече заменик-министерот Ристески.

Градоначалникот на Кочани д-р Владко Грозданов кажа дека оваа мерка е популарна и преку истата минатата година се вработиле 69 лица, додека во центарот на Агенцијата за вработување во Кочани досега се пристигнати преку 80 апликации. Тој ги повика сите заинтересирани компании да аплицираат и да ги искористат бенефитите кои Владата и Министерството за економија и труд ја нудат со оваа мерка.

Текстот Ристсеки од Кочани: Пристигнати се апликации од 1373 компании за вработување на над 1700 лица, повикот за државна помош е отворен со петок е превземен од МАКФАКС.