Во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето“ вечерва со „Алумни“ концерт ќе се одбележат 60 години Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје.
Во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и Јанинка Навчева.
На програмата се дела од Морлачи, Пуланк, Лист, Лалие, Белини, Верди, Фон Супе, Хачатурјан и Пијацола.
Почетокот на концертот е во 21 часот.
Текстот На „Охридско лето“ концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност е превземен од МАКФАКС.

















