Денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 39 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена
облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и
грмежи , наместа ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и појава на
град.
T=37°C. P=979hPa. U=25%. V=5m/s. UV index=8.

Според најавата од УХМР, до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.

Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Препорака од УХМР: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Текстот До петок, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и локално невреме е превземен од МАКФАКС.