Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за епидемијата во овој град.

„СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли.

Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен“.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од оваа партија, е задно со Гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните.

Текстот Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со Модуларната каде виновен беше кабелот, а не Филипче, најавува ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.